Во случај да Ви е потребен совет при набавка на машини и опрема од дрвната индустрија, компанијата САЛЕКС нуди совет при Вашата одлука, како и понуда за набавка на машини, од HOMAG GmbH најдобрата светска групација, како што се:
SAWTEQ, машини за кроење на плочаст материјал
EDGETEQ, машини за кантирање
CENTATEQ и DRILLTEQ, CNC машини
STORETEQ, системите за автоматско управување и складирање на материјалот
LOOPTEQ, системите за автоматски транспорт, монтирање на намештај и пакување
LAMTEQ, машините за кеширање, обложување на панели, изработка на панели за вратни крила како и многу други машини за изработка и обработка на разни метеријали и готови производи
Меѓу другите, нудиме можност за набавка на машини за кроење плочаст материјал (циркулари) од светски познатата и докажана фирма
ALTENDORF со избор од неколку модели по прифатливи цени.
Нудиме услуги за монтирање на нови и користени машини, при селење или преместување во постоечкиот простор, подесување за работа на машините, како и обука за работа на истите. Исто така нудиме и можност за договорна соработка за превентивно одржување, надгледување и редовна контрола на машините.
Меѓу останатите услуги, нудиме и соработка за обука и дообука на Вашиот кадар, на лице место на конкретна машина или систем за обработка, или во фабриката производител на машината.
Рачниот електричен алат, BOSCH, наоѓа место во секоја работилница, од најмало производство до големи системи и производители. Од батериски програм во голем избор, електричен алат за секоја намена, па се до пневматскиот алат кој овозможува квалитетна и долгогодишна употреба и во најтешки услови.
Понудата на САЛЕКС се заокружува со набавка на резен алат за сите видови машини во дрвната индустрија, со можност за изработка по Ваша желба и нацрт, како и да одберете алати од големиот избор стандардни алати од реномираната фирма BUP Utensili.